БиХ со реми против Холандија се опорави од дебаклот во Германија

by riste
1 минути читање

Босна и Херцеговина извади одличен резултат против Холандија и покажа дека поразот од 7-0 од Германија беше само лош ден.

Холандија поведе со гол на Бробеј во 24. минута, БиХ изедначи преку Демировиќ по асистенција на Џеко во 67. минута. 1-1 беше конечниот резултат од овој дуел.

1-1 заврши и натпреварот меѓу Унгарија и Германија.

Германците поведоа со гол на Нмека во 76. минута и беа пред победа, но Собослаи изедначи во 99. минута од пенал.

Од претходно се знаеше дека Германија и Холандија одат во четвртфиналето од Лигата на нации. Унгарија ќе игра во плејоф за опстанок во Лига А, а Босна и Херцеговина испадна во Лига Б.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани