Бизнис лига: Ливрински со 4 гола го предводеше ЈСП до победа над Транском

by riste
7 минути читање

ЕЛЕМ и Фабрика Карпош – ГИМ ги поделија бодовите

ЕЛЕМ (2-2) Фабрика Карпош – ГИМ

ЕЛЕМ: Лирдон Кадриу 4’ 13’

Фабрика Карпош – ГИМ: Лазар Божиновски 17’ Јован Јанковски 20′

Петтото коло од Бизнис Лигата на Македонија го отворија екипите на ЕЛЕМ и Фабрика Карпош – ГИМ, двете екипи влегоа во ова полувреме со цврста и офанзивна игра. Екипата на ЕЛЕМ го отвори резултатот во 4та минута од полувремето со погодокот на Кадриу за 1-0, по ова рано водство екипата на Фабрика Карпош – ГИМ го подигна темпото на игра и притисна во предно поле со цел да дојде израмнување. Ваквата отворена игра ја искористи екипата на ЕЛЕМ за со брз контра напад успее да го зголеми водството на 2-0. Во втората половина од полувремето екипата на Фабрика Карпош – ГИМ успеа да ги консолидира своите редови и преку Божиновски успеа да намали на 2-1. Ова дополнително ја мотивира екипата на Фабрика Карпош која преку Јанковски во последната минута од полувремето успеа да израмни на 2-2 резултат со кој се замина на паузата. Во второто полувреме двете екипи продолжија со одлично темпо на игра, често успеваа да дојдат до изгледна шанса за погодок но голманите вечерва беа на ниво на задачата. Екипата на Фабрика Карпош – ГИМ во финишот од натпреварот се обиде со голман играч да изврши силен притисок со цел да дојде до бодовите во овој натпревар но ЕЛЕМ успеа да го изржи притисокот па на крајот од овој натпревар екипите ги поделија бодовите со резултат од 2-2.

Дуото Митков – Доневски го водеа Макпетрол до победа над Glass Lux

Макпетрол 7-1(2-0) Glass Lux

Макпетрол: Баже Тодоровски 35’ Филип Митков 4’ 23’ 28’ Виктор Доневски 20’ 21’ 22’

Glass Lux: Далибор Костовски 27’

Одличен старт за екипата на Макетрол во дуелот со Glass Lux, тие од самиот почеток на полувремето извршија силен притисок кон голот на противникот што им донесе рано водство со погодокот на Митков во 4та минута од полувремето. Екипата на Glass LUX како одминуваше времето се почесто се закануваше кон голот на противникот но недостасуваше завршница за израмнување на резултатот. Сепак екипата на Макпетрол со одлична завршница на крајот на полувремето успеа да зголеми 2-0 резултат со кој се замина на паузата. Во второто полувреме екипата на Макпетрол влезе во својот препознатлив ритам и целосно го скрши отпорот на Glass Lux и од минута во минута го зголемуваше водството. Кај екипата на Макпетрол вечерва блеснаа Митков и Доневски кои со по 3 гола и ја осигураа победата на својата екипа. На крајот од натпреварот Макпетрол славеше со 7-1.

Ливрински со 4 гола го предводеше ЈСП до победа над Транском

ЈСП 8-5(3-1) Транском

ЈСП: Дејан Блажевски 15’ Филип Димовски 36’ Васко Мирчевски 31’ Љупчо Павловиќ 18’ Марин Ливрински 14’ 23’ 30’ 35’

Транском: Керим Реџа 33’ Марко Недевски 20’ 38’ 40’ Жан Мановски 24’

Уште на самиот старт овој натпревар екипата на Транском го започнаа со голман играч со ова се обидеа да го изненадат ЈСП и преку играч плус во нападот да дојдат до отворени шанси за гол. Но ЈСП возврати со добро посавена одбрана која не му дозволи на Транском да ги реализира своите техничко тактички замисли со ваквата игра се до средината на полувремето беше 0-0. Во втората половина од полувремето екипата на ЈСП успеа да реализира два гола преку контра напади кои беа во реализација на Ливрински и Блажевски. До крајот на полувремето екипата на ЈСП ја имаше контролата врз играта и резултатот па на паузата замина со предност од 3-1. Во второто полувреме екипата на ЈСП продолжи со одлична игра и со чести ротации го одржуваше високото темпо на игра. Екипата на Транском преку Недевски успеа да ја намали резултатската разлика, но ЈСП предводена од Ливирнски прикажа одлична игра и до крајот на натпреварот успеа да ја сочува резултатската предност и на крајот слави со 8-5.

Стопанска Банка ја сочува предноста и славеше над А1

Стопанска Банка 3-2(2-0) А1

Стопанска Банка: Дејан Ангеловски 16’ Дарко Симјановски 18’ Горан Дековски 23’

А1: Бојан Науновски 27’ 30’

Израмнето прво полувреме одиграа екипите на Стопанска Банка и А1, двете екипи во овој натпревар влегоа претпазливи со цврста игра во одбраната. Екипите се обидуваа со брзи контра напади да дојдат до изгледни шанси за гол, екипата на Стопанска Банка имаше неколку одлични шанси за реализација во првата половина од полувремето но голманот на А1 Јанакиевски беше на ниво на задачата и не дозволи лесна реализација. Сепак во втората половина на полувремето екипата на Стопанска Банка успеа да ја скрши одбраната на А1 и со погодоци на Ангеловски и Симјановски успеа да поведе со 2-0 резултат со кој се замина на полувремето. Во второто полувреме екипата на Стопнска Банка успеа да го зголеми водството на 3-0 со погодокот на Дековски во 23та минута, ова ја примора екипата на А1 да направи тактички измени и во својот состав да внесе голман играч. Оваа тактика на А1 вроди со плод па со два погодоци на Науновски успеаа да дојдат до само еден гол негатива 3-2 во 30та минута од натпреварот. Ова ја направи завршницата на овој натпревар вистинска драма, А1 вршеше силен притисок и атакуваше на бод. Сепак екипата на Стопанска Банка успеа да ја сочува предноста и на крајот славеше со 3-2.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани