Бизнис лига: Искуството на Трифуновски пресудно за победата на Кромберг & Шуберт над LC Waikiki

by riste
4 минути читање

LC Waikiki 5-11(3-4) Кромберг & Шуберт

LC Waikiki: Енгин Алими 3’ Џемаил Рамадани 2’ Фуркан Фетаи 33’ Адмир Халилович 29’ Eсер Сулејмани 12’

Кромберг & Шуберт: Зоран Талевски 32’ 34’ Тони Вељановски 28’ 38’ Ице Марковски 14’ 37’ Иве Трифуновски 7’ 8’ 17’ Никола Симоновски 31’ 34’

Одлично прво полувреме одиграа екипите на LC Waikiki и Кромберг & Шуберт, двете екипи во овој натпревар влегоа силно мотивирани со офанзивна игра. Екипата на LC Waikiki прва ја превзема иницијативата и со два брзи погодоци успеа да поведе со 2-0, по оваа негатива Кромберг & Шуберт го подигна нивото на игра и успеа да го израмни резултатот на 2-2. До крајот на полувремето двете екипи имаа одлични погодоци и играа израмнет фудбал но Кромберг & Шуберт успеа да реализира за минимална предност од 3-4 резултат со кој се замина на паузата. Во второто полувреме се продолжи со одлична игра во отворен фудбал екипата на Кромберг & Шуберт успеваше да ја одржува предноста од еден погодок. Во втората половина на второто полувреме екипата на Кромберг & Шуберт успеа целосно да го скрши отпорот на LC Waikiki и од минута во минта го зголемуваше своето водство. Екипата на LC Waikiki се обиде со голман играч резултатски да се врати во натпреварот, но Кромберг & Шуберт не дозволи изненадување и славеше со убедливи 5-11

Во натпревар полн со пресврти Макстил славеше над Халк Банка

Халк Банка 2-4(2-1) Макстил

Халк Банка: Дарко Крстевски 14’ Мартин Дамевски 17’

Макстил: Неделковски Бојан 11’ 27’ Идризи Ридван 34’ Лазев Мартин 38’

Израмнето прво полувреме одиграа екипите на Халк Банка и Макстил, двете екипи во овој натпревар влегоа со цврста игра и одлично поставени во одбраната. Како одминуваше времето се почесто екипите добиваа шанси за погодок но голманите во ова полувреме беа на ниво на задачата. Во 12та минута од полувремето екипата на Макстил со погодок на Неделковски успеа да поведе со 0-1 ова ја примора екипата на Халк Банка да ја подигне играта и да притисне во предно поле користејќи го голманот како голман играч. Ваквиот начин на игра им донесе резултат па во 14та минута успеаа да го израмнат преку Крстевски резултатот а во самиот финиш на полувремето и да дојдат до целосен резултатски пресврт со голот на Дамевски и предност од 2-1 резултат со кој се замина на паузата. Во второто полувреме се продолжи во високо темпо на игра, екипата на Макстил успеа во 27та минута од второто полувреме да дојде до израмнување на 2-2 со вториот погодок на Неделковски што ја направи завршницата на натпреварот вистинска драма. Во ваквата за вршница екипата на Макстил успеа поведе со погодокот на Ридван и повторно да го превземе водството. Екипата на Халк Банка мораше да игра отворен фудбал со цел да се врати во натпреварот но оваа отворена игра ја искористи Макстил за да искорити празнина во одбраната на противникот го зголеми водството на 2-4 и да слави во овој дуел.

Филиповски маестрален на голот за победа на Атлантик Груп над Аптив

Аптив 3-6(2-5) Атлантик Груп

Аптив: Марио Настевски 9’ 19’ 26’

Атлантик Груп: Љупчо Павкивиќ 3’ 38’ Бојан Петковски 11’ 15’ 18’

Во последниот натпревар од седмото коло силите ги одмерија екипите на Аптив и Атлантик Груп, екипата на Атлантик Груп имаше одличне почеток и во раната фаза поточно во 3та минута од натпреварот успеа да поведе со 0-1 преку погодокот на Стојановски. Екипата на Аптив притисна во предно поле што им донесе израмнување во 9та минута со погодокот на Настевски и резултат од 1-1. Во втората половина од полувремето екипата на Атлантик Груп успеа да ја најде својата игра и од минута во минута успеваше да го зголемува водствто. Ова ја примора екипата на Аптив во игра да внесе голман играч со цел да ја намали резултската разлика, но Атлантик Груп со одлична одбрана ја сочува предноста и на полувреме замина со позитива од 2-5. Во второто полувреме екипата на Атлантик Груп продолжи со одлична игра во одбраната издржувајќи го притисокот кој Аптив го правеше во предно поле. Екипата на Аптив успеа да ја намали разликата, но Атлантик Груп ја имаше контролата врз завршницата од овој натпревар не дозволи лесни погодоци на противникот па затоа на крајот од овој меч славеше со 3-6.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани