Бизнис лига: Во дожд од голови ЕЛЕМ го совлада Џонсон Мети

by riste
5 минути читање

Џонсон Мети 7-10(4-7) ЕЛЕМ

Џонсон Мети: Никола Николовски 6”, Слободан Чичевски 7” 38”, Бојан Додевски 10” 13” 25”, Стефан Јовановски 30”,

ЕЛЕМ : Душко Спасеновски 2” 17” 18” 20” 24”, Симоновски Борчо 8”, Тихо Груевски 9”, Антонијо Мишевски 16”, Лирдон Кадриу 29”, Синича Ковачевиќ 40”

Десетото коло од Бизнис Лигата на Македонија го отворија екипите на Џонсон Мети и ЕЛЕМ. И двете екипи уште на самиот старт влегоа максимално мотивирано играјќи крајно отворен фудбал. И на двете страни беше ставен целосен акцент на играта во нападот. Во ваквата игра прва до водство дојде екипата на ЕЛЕМ но Џонсон Мети успеа набрзо да возврати со што го израмни резултатот. Се играше гол за гол се до средината на првото полувреме кога екипата на ЕЛЕМ со три гола во низа дојде до водство од 4-7, резултат со кој се отиде на полувремето.
Во второто полувреме екипата на Џонсон Мети со притисок во предно поле се обидуваше да ја надомести негативата од првото полувреме, но ЕЛЕМ со одлична реализација не дозволи Џонсон Мети да фати резулатски приклучок па на крајот славеше со 7-10.

Леар ја искористи кратката клупа на Транском и обезбеди три бода

Транском 3-11(1-5) Леар

Транском : Бојан Мирчевски 4”, Реџа Фисник 23”, Венхар Фера 26”

Леар : Робертино Златевски 3” 27”, Брагојче Симјановски 11” 20” 36”, Борче Рестевски 16”, Маријан Ѓорѓиески 17” 28” 38”, Драган Ѓорѓевски 39”, Зоран Коцески 40”

Екипата на Леар во дуелот со Транском влезе со целиот ростер и во комплетен состав, додека пак Транском настапи со скратен состав практично без помош од клупата. Леар со чести измени држеше висок ритам кој екипата на Транском не можеше да го испрати. Со ваквата игра екипата на Леар од минута во минута го зголемуваше водството кое на полувремето изнесуваше 1-5.
Во второто полувреме екипата на Леар продолжи во ист ритам. Транском се обиде со притисок во предно поле да ја намали резултатската негатива но Леар успеа да го одржи високиот ритам не дозволувајќи изненадувања па го доби овој натпревар со 3-10.

Во дерби натпревар Макпетрол го совлада Матрикс

Матрикс 1-3(0-1) Макпетрол

Матрикс : Тони Брњарчевски 38”

Макпетрол : Никола Секулоски 13”, Баже Тодоровски 33” 36”

Екипите на Матрикс и Макпетрол одиграа дерби натрпевар во кој на двете страни акцентот беше ставен на играта во одбраната. Се играше цврст фудбал и на двете страни. И двете екипи беа одлично поставени како во нападот така и во одбраната. Прва до водство дојде екипата на Макпетрол во 13” кога Секуловски успеа да го изненади голманот на Матрикс и му донесе водство на Макпетрол од 0-1. Екипата на Матрикс имаше одлично поставен напад но изостана реализацијата па на полувремето Макпетрол замина со предност од 0-1.
Второто полувреме и двете екипи го започнаа во ист ритам. Екипата на Макпетрол во раната фаза од полувремето преку Тодоровски успеа да зголеми на 0-2. Во тие моменти Матрикс заигра по офанзивно обидувајќи се да ја намали предноста на Макптрол. Се играше егал натпревара се до самиот финиш кога Макпетрол преку Тодоровски во 36” зголеми на 1-3. Во тие моменти кај Матрикс проработе Брњарчевски кој во 38” намали на 1-3, резултат со кој заврши овој натпревар.

Корпа со маестрална игра до победа над А1

А1 0-10(0-2) Корпа

А1 : Анел Курт 3” 38” 40”, Даниел Жерновски 6” 30”, Филип Тодоровски 21”, Дончо Аргировски 24” 36”, Кристијан Велковски 26” 40”

Екипата на Корпа мошне мотивирано влезе во дуелот со А1. Корпа уште на самиот старт успеа целосно да ја превзеде иницијативата. Екипата на А1 во текот на целиот натпревар бараше против игра како би му парирала на вечерва расположената Корпа. Корпа играше колективно и со многу проигрувања успеваше да го најде патот до противничкиот гол. Со ваквата игра во текот на целиот натпревар Корпа го зголемуваше водството. А1 во вториот период се обиде и со голман играч да се врати во натпреварот но Корпа имаше своја вечер, и со маестрална игра и одлична реализација успеа да го добие овој натпревар со високи 0-10.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани