Бизарно: Халанд во Швајцарија не платил казна во износ од 65 евра

by Стефан
1 минути читање

Ерлинг Халанд се соочил со бизарен проблем во Швајцарија. Имено, напаѓачот би можел да помине еден во затвор поради неплатена казна во износ од 65 евра.

Швајцарските медиуми не објавија точно за каква казна се работи, но Халанд истата би морал да ја подмири пред да влезе повторно во земјата.

Во Швајцарија живее таткото на Халанд, Ал-Инге, па се очекува за празниците кои следат Норвежанецот да ги помине со семејството.

Никој не се сомнева дека Халанд ќе го реши проблемот така што ќе ги уплати споменатите 65 евра кои за него се вистинска „ситница“ со оглед дека во Манчестер сити заработува пола милиони евра неделно и има договор до 2027 година.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани