Биелса „удри“ по модерниот фудбал: Каде се дриблинзите, финтите, головите од слободни…

by 24 фудбал
1 минути читање

Еден од старата гарда тренери кои во моментов со успех работат на светската сцена е Марсело Биелса. Селекторот на Уругвај реши јавно да зборува за модерниот фудбал и да упати сериозни критики.

Биелса прокоментира дека повеќе нема магични моменти како порано, дриблинзи, финти и атрактивни погодоци.

Сигурен сум дека фудбалот е во процес на опаѓање. Сè повеќе луѓе го следат овој спорт, но тој станува сè помалку атрактивен. Не го фаворизираме она што го издвои овој спорт и го направи најдобар на светот. Каде се дриблинзите, финтите, головите од слободни удари? Кога сте погледнале натпревар за кој се зборува со години. Промовираме бизнис, сè повеќе луѓе ги гледаат натпреварите. Со времето, има сè помалку фудбалери кои вреди да се гледаат, играта станува сè полоша, а ова вештачко зголемување на бројот на гледачите еден ден ќе се смали“, изјави Биелса.

Во моментов Биелса со репрезентацијата на Уругвај се наоѓа на Копа Америка, каде што ќе игра во полуфиналето против Колумбија.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани