Бешикташ „победи“, Ребиќ замина од клубот и порача: Не верувајте на сè што ќе прочитате во медиумите!

by 24 фудбал
1 минути читање

Анте Ребиќ минатото лето се пресели во Бешикташ и се очекуваше да биде големо засилување за турскиот клуб. Сепак, Хрватот иако тргна добро влезе во проблеми, а потоа и несогласици со тренерот и управата.

Тоа сè резултира со сезона за заборав, Ребиќ беше претставен како сериозен проблем за Бешикташ поради високата плата и често беше напаѓан во медиумите.

Сега Анте Ребиќ преку социјалните мрежи откри дека една година пред крајот на договорот, тој и Бешикташ се разделија. Исто така испрати порака и им порача на навивачите да не веруваат во сè што ќе прочитаат.

Драги навивачи на Бешикташ, минатата сезона почна добро за мене. Имавме потешкотии поради одредени промени, а никогаш не се откажав. Меѓутоа подлегнав на амбициите и доживеав тешка повреда. Не сум лут, само сум многу тажен и посрамотен. Знам дека не ги оправдав очекувањата. Сепак, не верувајте во сè што ќе прочитате во медумите.

Јас сум само фудбалер кој ја живее својата страст кон фудбалот и се поти за победите. Од денес повеќе не сум фудбалер на Бешикташ. Ви благодарам на сите за поддршката. Се надевам дека ова ќе биде добра сезона за вас“, изјави Ребиќ.

Ребиќ во Бешикташ пристигна од Милан, а претходно имаше успешна авантура во Ајнтрахт Франкфурт. Претходно во кариерата играше уште за Верона, Лајпциг, Фиорентина и Сплит.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани