Беше еден од најголемите таленти во Европа, а сега Борусија го пушта на позајмица!

by 24 фудбал
1 минути читање

Името Јусуфа Мукоко се појави првпат во јавноста уште пред неколку години, уште кога тој имаше 14 или 15 и играше во младинските категории на Борусија Дортмунд.

19-годишникот своевремено беше еден од најголемите таленти во Европа своевремено. Како младинец ги полнеше мрежите на ривалите, па уште во 2020 година беше прекомандуван во првиот тим кога имаше само 15. За сениорскиот тим на Борусија Дортмунд тој одигра 99 натпревари, постигна 18 гола и осум асистенции.

Сега Јусуфа Мукоко заминува од Борусија, а кариерата ќе ја продолжи во редовите на Олимпик Марсеј.

Мукоко доаѓа на „Велодром“ како позајмен фудбалер, а Марсеј ќе има опција да го откупи неговиот договор. Веќе се договорени личните услови, откупната клаузула и се очекува само уште фудбалерот да пристигне во Франција.

Интерес за Мукоко постоеше од уште неколку европски клубови, но тој реши да се оди во тимот кој ќе го води Роберто Де Зерби.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани