134
Новиот прволигаш Беса 1976 се пофали со две нови имиња за сезоната во македонската елита.
Откако претходно беше промовиран Алмир Реџепи, Беса се пофали со потписите и на Данин Таловиќ и Илирид Адеми.
Црногорскиот напаѓач Таловиќ потпиша едногодишен договор. Во минатото тој настапуваше за екипата на Сафа Беирут во Либан, играше во Косово и Индонезија, како и за многу клубови во Црна Гора.
Од друга страна, Адеми доаѓа од редовите на Фероникели од Косово, а низ кариерата играше за Ерзени, Егнатиа, Лачи, Шкупи, Ренова, Македонија Ѓорче Петров и Гостивар.