Бербатов: Сите фудбалери на Јунајтед треба да се засрамат, 36-годишен играч беше МВП на мечот!

by riste
1 минути читање

Поранешниот играч на Манчестер јунајтед, Димитар Бербатов не се штедеше во критиките против сегашните фудбалери на овој клуб.

На мечот меѓу Астон Вила и Манчестер јунајтед, Џони Еванс беше прогласен за најдобар фудбалер, а за бугарскиот фудбалер тоа е скандалозно и знак дека помладите не гризаат доволно.

„Сите што играа на овој меч треба да засрамат кога МВП на натпреварот е 36-годишен фудбалер. Критиките се оправдани затоа што Јунајтед е на 14. позиција што е неверојатно за таков клуб“, рече Бербатов.

Џони Еванс е единствен во актуелниот тим на Јунајтед кој учествуваше во освојувањето на последната титула на овој клуб во Премиер лигата, во 2013 година кога за екипата од Олд Трафорд настапуваше и Бербатов. По заминувањето во 2015, Еванс играше за ВБА и Лестер, но се врати лани и го дава максимумот иако е на залезот на кариерата.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани