Бензема: Проблемот е што Мбапе е лево крило, а Реал таму го има најдобриот во светот

by riste
1 минути читање

По доаѓањето на Килијан Мбапе, Реал Мадрид наместо да изгледа пострашно, игра на пониско ниво оваа сезона за разлика од претходната, Бензема го лоцира проблемот.

„Според мене, Мбапе не е деветка. Тој е лево крило. Но, проблемот е што на таа лева страна таму е Винисиус кој е најдобар во светот“, вели Бензема.

„Мбапе знае дека во Реал Мадрид има многу притисок. Во Мадрид ако на 2-3 натпревари не дадете гол, ќе ве убијат. Може да ја освоите Златната топка и ако не постигнете голови на три меча после тоа, истото е“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани