Белингем ја испофали Србија

by riste
1 минути читање

Џуд Белингем беше херој на Англија во победата над Србија, тој беше играч на натпреварот и стрелец на единствениот гол.

Србија храбро се носеше со главниот фаворит на Европското првенство, а Белингем имаше пофалби за нив по крајот од мечот.

„Знаев дека се фантастични, дека имаат добри играчи на сите позиции на теренот. Кога ги истражував не можев да поверувам дека имаат толку добри играчи, беше тешко, тие се фантастичен тим. Ова беше важна победа за нас, но Србија е одличен тим“, рече Белингем по мечот во изјава за „Арена“.

Белингем вели дека имаат самодоверба да го освојат Европското првенство.

„Да чувствуваме самодоверба, моите соиграчи се одлични и нашиот стручен штаб. Денеска направивме добар план на игра и го следевме. Имаме голема самодоверба и мораме тоа да го потврдиме со партии на теренот и одиме по пехарот“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани