Нико Кристиан Сигур е млад перспективен бек кој настапува за Хајдук Сплит. Се работи за младо момче со двојно државјанство, хрватско и канадско.
Поради тоа, тој имаше право да одбере за кого ќе настапува, а во минатото беше дел од У21 репрезентацијата на Хрватска. Иако чекаше и чекаше повик од селекторот Златко Далиќ, истиот не дојде ниту за новото издание на Лигата на нациите. Поради тоа, Канаѓаните открија дека младиот Сигур се решил да заигра за нив.
„Веќе некое време го следевме, во 2023 година се обидовме да го повикаме за нас. Тој тогаш се имаше „ветено“ за Хрватска. Меѓутоа, неодамна не доби повик од А-тимот, па ние го искористивме тоа и тој ја одбра Канада“, стои во објаснувањето.
Инаку Нико Кристиан Сигур имаше девет настапи за Хрватска У21, меѓутоа се одлучи како сениор да ја претставува Канада.