Барселона утрово со оригинално видео ги претстави дресовите со кои клубот ќе игра во наредната сезона, а истиот многу потсетува на оној од сезоната 2006/2007.
Во видеото кое трае скоро две минути се појавуваат сегашните фудбалери на Барселона, фудбалерки од женскиот тим на каталонскиот гигант, но и големи имиња кои во минатото го носеле дресот на Барселона.
Така започнува со Роналдињо, а завршува со Карлес Пујол, додека во меѓувреме се појавува и Андрес Иниеста.
Barça's new kit for the 24/25 season. Inspired by the Club's legacy, trajectory, and roots. pic.twitter.com/fqy7UhZMH2
Кога во прашање е изгледот на дресот од покрупните разлики ги нема ригите и место тоа традиционалните бои на каталонскиот гигант се поделени на половина.