Како што стојат работите Роналд Араухо би можел да ја напушти Барселона ова лето во случај на вистинска понуда.
Ваквата информација ја потврди извор близок на Барселона. Наводно веќе некое време управата на Барселона очекува одговор на понудата за новиот договор, но Уругваецот не се огласил.
Освен тоа Араухо на своја рака одлучил да остане со Колумбија до завршувањето на Копа Америка по тешката повреда. Барселона побарала тој да дојде во Каталонија и да биде под надзор на клупските докторит, но фудбалерот имал поинакви планови.
Во зимскиот преоден рок Барселона одби понуда од Баерн од 80 милиони евра за Арухо, а сега баварците би можеле да се врат по неговиот потпис. Доколку пристигне понуда повисока од таа претходно, Арухо би можел да се пресели во Минхен.
Араухо во своите претходни изјави зборуваше дека сака да остане во Барселона уште долго време, меѓутоа ситуацијата сега изгледа се променила. Ако замине, тоа веројатно би било за сума помеѓу 90 и 100 милиони евра што секако добро ќе и дојде на Барселона.