Барселона не успеа да дојде до потписот на Нико Вилијамс за кого е веќе јасно дека и во наредната сезона ќе го носи дресот на Атлетик Билбао, но изгледа каталонците сега пронајдоа негова алтернатива.
Во Барселона се цврсто решени да доведат уште еден фудбалер по Дани Олмо, а тој фудбалер би можел да биде Кингсли Коман.
Французинот не е во плановите на Винсент Компани во Баерн, па така двата клуба полесно би можеле да се договорат околу цената. Барселона би можела да плати пет милиони евра за да го доведе прво на позајмица, а наредното лето и да го откупи.
Сепак, во Барса прво треба да ја решат ситуацијата со Олмо кој се уште не е регистриран и за тоа да се случи треба да бидат продадени фудбалерите на кои Флик на смета како: Виктор Роке, Ленгле, Ерик Гарсија, Ансу Фати…