20
Шпанските медиуми пренесоа добри вести за Барселона која ги израдува навивачите на овој клуб.
Се работи за потенцијално летно засилување. Според информациите, Барса е близу до договор за потпис со Џонатан Тах од Баер Леверкузен. Одличниот стопер останува без договор, ја работи последната сезона во таборот на германскиот првак и бесплатно ќе замине.
Во редот за неговиот потпис стојат најголемите германски гиганти како Баерн Минхен, Реал Мадрид, ПСЖ, но тука е и Барселона.
Шпанците најавија дека каталонскиот гигант е во пол-позиција да го обезбеди потписот на Тах за следната сезона, а тоа би било капитално засилување за дефанзивната линија.