Барселона веднаш почнува да работи на трансфер на младата шпанска ѕвезда

by 24 фудбал
1 минути читање

Фудбалерот кој ја доби наградата за МВП на финалниот натпревар на Европското првенство, Нико Вилијамс, веројатно го чека трансфер уште ова лето.

Одличното младо крило е мета број еден на Барселона за засилување на нападот. Неговата хемија со Ламин Јамал може да ѝ донесе на Барса две одлични крила на долг рок. Веќе некое време се шпекулира дека клубот работи на трансферот, односно ги „пегла“ финансиите поради проблемите.

Се очекува по враќањето на репрезентацијата во Шпанија, Барселона да исконтактира со претставниците на Вилијамс за да ги договори личните услови. Ханси Флик го прифати младиот фудбалер како главна трансфер мета за ова лето.

Сепак, Барселона мора да делува бргу и да ја плати откупната клаузула од 60 милиони евра, бидејќи својата шанса ја чекаат и премиерлигашки клубови.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани