Барса подобро шутираше пенали од Манчестер Сити (ВИДЕО)

by riste
1 минути читање

На пријателскиот меч во Орландо, САД, Барселона беше подобра од Манчестер Сити по пенал серијата, мечот во регуларниот тек заврши нерешено, 2-2.

Двата тима настапија без добар дел од своите најдобри фудбалери, но понудија интересен и ефикасен меч.

Барса поведе со гол на Виктор во 24. минута, а првото израмнување стигна 15 минути подоцна откако Орајли погоди по асистенција на Јошко Гвардиол.

Во судиското продолжение од првото полувреме Барселона го врати водството со гол на Торе.

По 15 минути игра во вториот дел Грилиш даде гол по додавање од Ковачиќ за конечни 2-2 на натпреварот.

Веднаш по крајот на 90 минути се премина кон изведување на пенали, во кои беа подобри играчите на Барселона.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани