Барса го нуди Де Јонг во замена за еден од најдобрите шпански фудбалери во моментов

by riste
1 минути читање

Барселона долго време сака да се ослободи од Френки де Јонг како еден од играчите со најголеми примања на Камп Ноу, а многу често и се повредува.

Во моментов Де Јонг е во аут, не играл за Барселона од априлското Ел Класико и не се знае кога ќе се врати.

Де Јонг е долгогодишна желба на ПСЖ, па Барселона во тоа гледа можност да го замени за Фабијан Руиз.

Руиз е еден од најдобрите шпански фудбалери во средниот ред во моментов, имаше фантастично Европско првенство, а добрата форма ја продолжи и во Лигата на нации.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани