Барела ги откри „црните“ мисли по поразот на Интер во финалето на ЛШ

by 24 фудбал
1 минути читање

Николо Барела гостуваше на подкаст во Италија и реши да зборува на многу теми. Една од нив беше победувањето или губењето на големи натпревари.

Тој ги откри тешките моменти од својата кариера, секако еден од нив беше финалето на Лигата на шампионите во кое Интер загуби од Манчестер Сити. Барела ги откри „црните“ мисли по загубените финалиња.

Загубив финале на ЕП У19, морав да го напуштам тимот на Мундијалот поради скршена рака и да гледам како завршуваат третопласирани, доживеав релегација со Каљари и Комо. Потоа со Интер загубив финалиња во Лигата на Европа и Лигата на шампоионите, знам како е да се губи.

Освојував титули во Серија А, Копа Италија, Суперкуп, Европското… Полесно е да се објасни што значи победа, се гледа, тоа е експлозија од одушевување. Луѓето не знаат што се случува по пораз во голем меч. Тоа ви го уништива целото лето, размислувате дали повторно ќе играте финале на ЛШ или ЛЕ, дали ќе имате пак некогаш таква сезона? Многу работи ви минуваат низ глава. Не сум среќен за поразите, но тоа ме мотивираше да се обидам пак следната сезона. Мозоците на многумина не работат така“, изјави Барела.

Сепак, асот на Интер исто така посочи дека таквите моменти ги претвора во мотивација за иднината.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани