Барди: Треба да бидеме паметни и трпеливи

by riste
1 минути читање

Македонија утре го игра последниот меч од сезоната во Лигата на нации, од 15 часот ја пречекуваме селекцијата на Фарски Острови.

Капитенот на македонската репрезентација, Енис Барди вели дека не смееме да го потцениме противникот и таа лекција веќе ја научивме кога игравме кај него на гости.

„Не ни недостасува мотивацијата и ќе дадеме се од себе од првата минута. Мислам дека ќе оствариме рекорд ако победиме во овој натпревар, а ќе биде убаво и да завршиме со победа на наш терен пред нашите навивачи, поголема мотивација од тоа нема. Треба да бидеме паметни и трпеливи, знаеме против кого играме и дека ќе се бранат. Натпреварот таму ни беше знак дека секој противник е важен и не смеете да го потцените. Се тука по победите и психички сме на подобро ниво, па не интересираат само трите бода“, изјави Барди.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани