328
Капитенот во македонската фудбалска рперезентација Енис Барди вечерва со својот Трабзонспор обезбеди пласман во финалето на националниот Куп на Турција.
Трабзон немаше проблеми па така и во реваншот со убедливи 0:4 само го потврди пласманот во натпреварот во кој ќе игра за трофејот.
Во првиот натпревар Барди и друштвото дојдоа до есна победа од 3:2, додека вечерва до победата дојдоа и полесно од очекувањата. Противник во финалето ќе им биде Бешикташ.
Барди не постигна гол, но на теренот беше од почетокот и го одигра комплетниот натпревар.