137
Македонската фудбалска репрезентација вечерва стигна до победа против Ерменија од 2:0 во рамките од второто коло во Лигата на Нации.
Во првото полувреме, Македонија беше подобар противник, но не успеавме да постигнеме гол за да го отвориме резултатот.
Пред крајот на првиот дел се соочивме и со проблем кога исклучен беше Ѓоко Зајков кој заработи жолт картон за една непотребна реакција
Но, и со играч помалку, Македонија во вториот дел беше подобра на теренот. Пропуштивме одлична преку Миовски кој беше изблокиран во 63 .минута.
Натпреварот сепак успеавме да го отвориме со една мајсторија од слободен удар на Енис Барди. До крајот Миовски постигна уште еден погодок за конечни 2:0.