Саудиска Арабија со своите милиони направи вистински хаос во фудбалскиот свет, а делува дека продолжува да го прави тоа. Летово исто така имаше неколку интересни трансфери на големи имиња од Европа кон Блискиот Исток.
На оваа тема доаѓа и една интересна објава на социјалните мрежи. Се работи за оглас за работа, а се бараат фудбалери кои би играле во четвртиот ранг на фудбалот во Саудиска Арабија.
Се бара фудбалерите да бидат до 30 години, со искуство и се нудат примамиливи суми за месечни примања од 10.000 до 20.000 евра.
Интересна е паралелата дека Саудијците би платиле и до 20.000 евра на месец, додека платите на пример во ПМФЛ се далеку пониски. Во мак-фудбалот фудбалерите земаат од 500 до неколку илјади евра, а ниту најголемите ѕвезди немаат превисоки плати. Ситуацијата ја менува во моментов само Гостивар кој за ветераните со богато резиме плаќаат вртоглави суми, но во глобала сите останати земаат плати пониски од 10.000 евра.