174
Италијанскиот фудбалер Марио Балотели пак се најде во центарот на вниманието, одново поради негативно однесување.
Поранешниот репрезентативец е фатен на видео како пијан се шета и паѓа по улица во италијанскиот град Удине. Според информациите, снимката е настаната по натпреварот во осминафиналето на Европското првенство во кој Италија загуби од Швајцарија со 2-0.
Заедно со пријател, Балотели едвај оди и не можеше да стане откако падна на улицата. Во моментов тој е слободен агент откако му истеке договорот со Адана Демирспор.