Бабунски: Не сме во позиција да потценуваме ниту еден противник!

by 24 фудбал
1 минути читање

Фудбалската репрезентација на Македонија ја очекува меч против Фарски Острови на стартот на Лигата на нациите. Во пресрет на првиот меч, своите очекувања ги изнесе асот на Данди Јунајтед, Давид Бабунски.

Фудбалерот за врска реално зборуваше за ситуацијата во репрезентацијата и нагласи дека не смее да се биде преопуштен.

Тоа што се случуваше досега треба да ни служи за да извлечеме лекции, да научиме од минатите грешки за да напредуваме. Како екипа мислам дека не сме во позиција да потценуваме ниту еден противник, особено во денешниот фудбал кога сите се добро подготвени. Ќе мора да ги запазиме основните принципи во играта за трка, одговорност и тактичка дисциплина. Се надеваме дека доколку тоа успееме да го исполниме, нашиот квалитет ќе ни овозможи да направиме разлика и да победиме.

Се чувствувам многу добро, среќен сум во новата средина во Данди. Имам континуитет и чувствувам дека сум во форма. Тука сум да се ставам во функција на тимот во било која улога селекторот ќе мисли дека можам да помогнам. Физички сме поподготвени бидејќи доаѓаме од припремен дел, по првите натпревари во сезоната. Не би требало да имаме проблем од тој аспект“, изјави Бабунски.

Натпреварот меѓу Фарски Острови и Македонија се игра во сабота во попладневен термин од 15:00.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани