Атлетико Мадрид со убедливи 6-0 победи на гостувањето кај Спарта Прага, гостински триумф оствари и Милан кој со 3-2 славеше кај Слован Братислава.
Момците на Симеоне дојдоа до три важни бода во битката за место погоре на табелата и тоа го направија на лесен начин.
Алварез и Кореа дадоа по два гола, по еднаш погодија Љоренте и Гризман.
Понеизвесно беше во Братислава каде Слован загуби од Милан со 2-3.
Пулишиќ во 21. минута донесе водство за росонерите, но само три минути подоцна поранешниот вардарец Барсегјан реализираше за израмнување на 1-1. Тоа беше резултатот по првиот дел.
Во 68. минута Леао го врати водството на Милан, а три минути подоцна Абрахам даде гол за 3-1.
Течеше 88. минута кога Марсели по асистенција на Барсегјан намали на 3-2 за интересна завршница, но домаќините немаа сила да избегнат пораз.