Атлетико пак се „сопна“, прв бод за Еспањол во Ла Лига

by 24 фудбал
1 минути читање

Фудбалерите на Атлетико Мадрид вторпат во три кола на Ла Лига одиграа нерешено, овојпат пред домашната публика на „Ванда Метрополитано“ против Еспањол (0-0).

Иако избраниците на Диего Симеоне беа огромен фаворит против Еспањол кој имаше два порази на стартот на сезоната и сега го освои првиот бод сезонава во Ла Лига.

Чоло од првата минута се потпре на двете засилувања во нападот Хулиан Алварез и Александер Сорлот, меѓутоа реализацијата затаи. Интересно е дека на клупата за резервни фудбалери остана Конор Галагер кој дојде како сериозно засилување од Челси.

Имаше Атлетико повеќе од играта, креираше шанси и беше поопасен, ама не успеа да го пронајде патот до мрежата. На крајот домаќинот мораше да се задоволи со реми без голови.

Претходно во шпанското првенство Атлетик Билбао минимално ја совлада Валенсија (1-0), а Столе Димитриевски пак беше на клупата, без голови одиграа Ваљадолид и Леганес (0-0), додека Алавес го изненади Реал Сосиедад на гости (1-2).

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани