Бразилскиот фудбалер Едерсон е на мета на неколку европски гиганти, откако блесна играјќи за Аталанта.
25-годишниот фудбалер за врска е проценет на околу 40 милиони евра, меѓутоа клубот од Бергамо не ни помислува да го продаде толку евтино. Напротив, Аталанта одби понуда од 50 милиони за услугите на Едерсон.
Истата беше испратена од страна на Манчестер Јунајтед. „Црвените ѓаволи“ се обидоа да го доведат Едерсон во своите редови, меѓутоа ако сакаат го направат тоа, треба повеќе да го „одврзат ќесето“.
Инаку, Едерсон за Аталанта минатата сезона одигра 53 натпревари, даде седум гола и беше меѓу лидерите на тимот во походот кон освојувањето на Лигата на Европа. Со добрите партии во Италија тој се препорача и запиша два настапи за репрезентацијата на Бразил.