„АС“ открива што се случувало во соблекувалната на Реал по поразот од Билбао и верува дека Мбапе ќе ги сврти работите

by riste
1 минути читање

Шпанскиот весник „АС“ открива што се случувало во соблекувалната на Реал Мадрид по поразот од Атлетик Билбао и верува дека тоа ќе ги промени работите кон подобро за кралскиот клуб.

На овој меч Килијан Мбапе промаши уште еден пенал, втор во низа, по што преку социјалните мрежи ја презеде одговорноста и напиша: „Ќе покажам кој сум“.

Сега „АС“ пишува за тоа што се случувало во соблекувалната и верува дека ова ќе биде пресвртница за Реал Мадрид.

„Во соблекувалната додека атмосферата била на самото дно, Мбапе поединечно разговарал со некои од главните играчи на Реал. На секој од нив му кажал иста работа. Му се извинил и покажал желба да стане вистински лидер во новиот проект. Нешто се случило, Сам Мамеш е пресвртница во кариерата на Мбапе во Реал“, пишува АС.

„Изненадната и одлучна реакција на Мбапе многу добро била прифатена од највисоките сфери во клубот, а пред се во соблекувалната. Истапувањето на Мбапе пред соиграчите покажува дека тој може да биде лидер на тимот“, додава весникот.

Дали прогнозите на „АС“ ќе се остварат и на теренот, ќе се види веќе на следните натпревари на Реал Мадрид.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани