Арсенал и Манчестер Сити прокнижија по три планирани бодови, но не дојдоа толку едноставно до нив, топчиите со 3-1 славеа над Саутемптон, а актуелниот шампион со 3-2 беше подобар од Фулам.
Во првото полувреме на Емирати немаше голови, мрежите мируваа, но по само десет минути игра во вториот дел Арчер донесе водство за Саутемптон.
Три минути траеше предноста на гостите, тогаш Хаверц изедначи на 1-1 по асистенција од Сака. Сака асистираше и во 68. минута до Мартинели кој погоди за комплетен пресврт и водство на Арсенал од 2-1.
Конечните 3-1 ги постави Сака кој по двете асистенции, даде и гол и ја завери победата на Арсенал во 88. минута од мечот.
Пресврт имаше и на мечот меѓу Манчестер Сити и Фулам. Гостите поведоа во 26. минута, а шест минути подоцна Ковачиќ изедначи на 2-2.
Хрватот даде гол и во 47. минута за пресврт и водство на Сити од 2-1, Доку во 82. минута зголеми на 3-1, а Родриго Муњиз пред самиот крај ги постави конечните 3-2.
Најмногу голови имаше на мечот меѓу Брентфорд и Вулвс каде домаќините победија со 5-3. Ефикасно беше и во Источен Лондон каде Вест Хем со 4-1 славеше над Ипсвич, а Лестер со 1-0 го победи Борнмут.