Капитенот на Арсенал Мартин Едегард е пред враќање на терените по повредата и паузата од фудбалот.
Норвешкиот фудбалер за врска се повреди за време на репрезентативната пауза во септември, се работеше за повреда на скочниот зглоб, а тоа го оддалечи од терените месец и половина. Сега тренерот Микел Артета откри дека капитенот е во завршна фаза на подготовките и неговото враќање е прашање на време.
„Сега е фаза во која со нас ќе работи на одредени сегменти. Да видиме како ќе го поднесе тренингот и дали неговите движења се правилни. Тој физички е на натпреварувачко ниво. Со многу работа и часови кои ги вложи, би бил изненаден во моментот кога ќе почне да тренира со нас да биде подготвен веднаш за игра“, изјави Артета.
Не се очекува Мартин Едегард да се врати за викенд пресметката со Њукасл, меѓутоа не е искучена можноста да биде во тимот за дуелот против Интер во Лигата на шампионите в среда.