Екипата на Арсенал не дозволи изненадување и по четири натпревари без победа денеск „топџиите“ славеа против Нотингем со сигурни 3:0.ж
Нотингем по една добра серија на реузлтати влезе во мини-криза и го запиша вториот пораз во низа по поразот во минатото коло од Њукасл (1:3).
Избраниците на Артета денеска апсолутно доминираа на теренот и заслужено се радуваа на победата. Се тресеше мрежата на гостите по само пет минути кога погоди Тимбер, но тој гол беше поништен поради недозволена позиција.
Сепак веќе во 15. минута Арсенал стигна до водство со голот на Букајо Сака по асистенција на Одегард. Во второто полувреме во 52. минута Сака беше во улога на асистент, а стрелаше Парти за 2:0.
Во завршницата од натпреварот Нванвери постигна уште еден погодок за конечни 3:0.
На табелата Арсенал сега има 22 бода колку што имаат Брајтон и Челси, додека на првите две позиции се Ливерпул со 29 и Манчестер сити со 23, но „црвените“ и „граѓаните“ се и со натпревар помалку.
На останатите средби: Вулвс со 1:4 славеше над Фулам, Брајтон на гости кај Бормут триумфираше со 1-2, а без победник завршија средбите Евертон – Брентфорд (0:0) и Астон Вила – Кристал Палас (2:2).