Анчелоти сака да прави промени во формацијата, на еден од напаѓачите тоа нема да му се допадне!

by riste
1 минути читање

Реал Мадрид добро се испоти за да го добие дуелот со Штутгарт во Лигата на шампионите, а и во Ла Лига натпреварите не се одвиваат идеално за кралскиот клуб.

Според „Марка“, Карло Анчелоти решил да направи промени во формацијата, наместо со тројца да игра со двајца во офанзивата, а во средниот ред да има четворица играчи.

Анчелоти сака да формира среден ред од Белингем, Камавинга, Чуамени и Валверде.

Тоа значи дека еден од тројцата напаѓачи ќе биде жртвуван, ќе се пресели на клупата. Се верува дека прв кандидат е Родриго.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани