Фудбалерите на Реал Мадрид ќе играат ново финале во Лигата на шампионите каде што ќе се соочат против Борусија Дортмунд, а Карло Анчелоти според шпанските медиуми подготвува изненадување за „милионерите“.
Андреј Лунин одлично го замени Тибо Куртоа кој скоро цела сезона беше повреден, меѓутоа Анчелоти наводно планира во финалето на голот предност да му даде на Белгиецот.
Куртоа одлично бранеше на последните три натпревари во Ла Лига, додека за реваншот против Баерн иако беше спремен, Лунин ја доби довербата, сепак во финалето тоа би можело да се промени.
Лунин во текот на целата сезона брани на високо ниво, посебно беше одличен во двомечот против Манчестер Сити.
Но, Анчелоти смета дека искуството на Куртоа кое сигурно е поголемо може да биде клучно во голем натпревар како што е Лигата на шампионите.
Не изгледа фер кон Украинецот, но од друга страна Анчелоти е искусен стратег и веројатно знае што прави. Финалето во Лигата на шампионите на програмата е на 1. јуни во терминот од 21:00 часот на „Вембли“.