Анчелоти донел конечна одлука за Мбапе

by Стефан
1 минути читање

Францускиот напаѓач, Килијан Мбапе се приклучи на новите соиграчи во Мадрид и од пред неколку дена е дел од припремите за новата сезона.

Капитенот на селекцијата на Франција доби нешто подолг одмор по Европското првенство пред да им се придружи на „кралевите“. Сега е во тимот и ќе ја чека својата шанса во Суперкупот против Аталанта кој се игра во Варшава.

Според информациите на „Релево“, Мбапе во овој натпревар ќе биде на теренот од првата минута. Анчелоти наводно смета дека не е проблем тоа што Французинот не одигра ниту еден припремен натпревар.

Италијанскиот стратег верува дека играч како Мбапе нема да има проблем со адаптацијата на новата средина. Се уште не е сигурно која ќе биде неговата позиција бидејќи се знае дека најдобро дело по левата страна каде што Реал го има Винисиус. Најавите се дека ќе игра како најистурен во нападот.

Натпреварот помеѓу Реал и Аталанта се игра во среда од 21:00 часот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани