Анте Ребиќ пред враќање во Серија А, два клуба во битка за неговиот потпис

by Стефан
1 минути читање

Анте Ребиќ од неодамна не е член на турскиот гигант Бешикташ откако клубот од Истанбул го раскина договорот со него и според најавите Хрватот би можел да се врати во Италија.

Италијанските медиуми пренесуваат дека екипата на Удинезе започнала преговори да го доведе Ребиќ, но се споменува и Верона, клуб за кој Ребиќ веќе играше.

Дресот на Верона Ребиќ го носеше во сезоната 2015/2016 како позајмен играч од Фиорентина. Во таа сезона собра десет настапи. За репрезентацијата на Хрватска, Ребиќ одигра 42 натпревари и постигна три гола.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани