Пренатрупаниот распоред на натпревари во фудбалот се коментира сè погласно од страна на многу стручњаци.
Во таа низа се надоврза и Тиери Анри. Француската фудбалска легенда зборуваше реално за ситуацијата, се осврна на најдобрите светски фудбалери и го посочи Европското првенство како пример.
„Луѓето сакаат да гледаат Светско првенство на секои две години. Ќе кажам една работа, луѓето не размислуваат за менталниот аспект на играта. Телото треба физички да се прилагоди, но ментално е тешко да се опорави.
Погледнете го Европското првенство. Дали ви се допадна? Најдобрите фудбалери беа уморни, сите најдобри… Не ми е грижа што ќе кажат другите, сите беа уморни. Не сакам да го гледам тоа. Сакам да ги гледам најдобрите како успеваат во своите најдобри намери. Поради тоа луѓето плаќаат многу пари. Кога го гледам Манчестер Сити на почетокот на сезоната, не сакам да ги гледам најдобрите на клупата, а тие кои се таму мора да се опоравуваат на стартот на сезоната“, изјави Анри.
Иако навивачите уживаат во сè повеќето елитни натпревари, делува дека убавината на спортот бледее. Недостигаат старите мајстори, индивидуалните мајсторски потези, атракциите и слично, а тоа најдобро се виде на Европското првенство.