Преку пеналите Англија ја елиминираше Швајцарија и обезбеди полуфинале на Европското првенство, откако претходно во регуларниот дел избегна пораз во финишот.
Во еден натпревар каков што досега навикнавме да гледаме од Англија на ова првенство, без многу прилики на двете страни, Швајцарија прва стигна до водство во 75. минута кога Емболо се најде на вистинското место по асистенцијата на Ндоје.
По овој примен гол, Саутгејт веднаш реагираше со измени од клупата и во игра влегоа Шо, Езе и Палмер. Предноста на Швајцарците траеше само пет минути бидејќи фудбалерот на Арсенал Букајо Сака го совлада Зомер за 1:1.
До крајот на реагуларните 90 минути не видовме ниту една посериозна прилика, па одново гледавме продолженија.
Ништо не се случуваше и во продолженијата, двете селекции не сакаа да ризикуваат и во таква ситуација победникот го решаваа пеналите.
Трагичар за Швајцарците беше дефанзивецот Аканџи кој единствен промаши, додека кај Англичаните сите петмина изведувачи беа прецизни.