388
Фудбалерите на Англија загубија на домашно тло, минимално од репрезентацијата на Исланд со 0-1.
Оваа претстава на Гордиот Албион на Вембли ги загрижи навивачите на генералката пред Европското првенство. Херој на Исланѓаните беше Торстеинсон кој во 12. минута го постигна единствениот гол на натпреварот.
Самиот пораз не е така страшен колку што загрижува податокот дека Англија имаше самп еден шут кон противничкиот гол.
Делува дека атмосферата во тимот не е идеална на неколку денови пред Европското првенство, откако селекторот Герет Саутгејт го прецрта Џек Грилиш кој е доста популарен меѓу соиграчите.