Англичаните го најавуваат заминувањето на Пеп од Сити

by 24 фудбал
1 минути читање

Пеп Гвардиола на прославата на титулата на Манчестер Сити во Премиер лигата ги изненади навивачите кога кажа дека е поблизу до заминување, отколку останување на клупата.

„Реалноста е дека сум поблизу до заминување, отколку останување во Сити. Разговарав со клубот и чувствувам дека сега сакам да останам. Следната сезона би требало да сум тука, но во текот на истата ќе разговараме. Осум, девет години сум во клубот, ќе видиме што понатаму“, кажа Гвардиола пред една седмица.

Според зборовите на Гвардиола, тој со сигурност останува на клупата следната сезона и има договор со јуни 2025 година. Сепак, тоа е веројатно моментот на разделба на славниот Шпанец и Манчестер Сити.

Англиските медиуми по поразот од Манчестер Јунајтед во ФА Купот повторно ја вратија темата на Пеп и неговиот престој во градот. Се верува дека следната сезона ќе биде последна на Гвардиола во Сити.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани