185
Темата за Иван Ракитиќ е доста популарна во европскиот фудбал. 36-годишниот ветеран ќе заигра во Хајдук Сплит со кој потпиша договор за следната сезона и веќе пристигна во Хрватска.
Ракитиќ доби спектакуларен дочек, имаше одлична презентација, а доби и многу пораки за поддршка.
Една од нив беше и од легендарниот англиски стопер и поранешен играч на Манчестер Јунајтед, Рио Фердинанд. Човекот кој сега работи како фудбалски аналитичар најави дека ќе дојде да го гледа Ракитиќ во живо во Сплит.
Фердинанд на социјалните мрежи напиша: „Сега морам да дојдам на еден натпревар“, под објава на Ракитиќ поврзана со промоцијата во Хајдук.