113
Брегалница во финишот на преодниот рок во мак-фудбалот го зацврсти тимот за настапите во ВМФЛ.
Нов фудбалер на штипјани е младиот Амир Фејзулаи кој доаѓа од редовите на Победа. 21-годишникот може да покрие повеќе позиции на теренот, тој игра како десен бек или поофанзивно како десно крило и ќе биде од помош за ротацијата на тимот.
Во својата кариера Амир Фејзулаи освен во Победа настапуваше и за Пелистер и Детонит Плачковица.
Во второлигашкото друштво Брегалница е со највисоки амбиции за кам-бек во ПМФЛ, а имаше добар старт со три победи.