Алкантара неочекувано замина од Барселона, не го дочека ни првиот натпревар

by riste
1 минути читање

Алкантара ова лето се врати во Барселона и стана дел од стручниот штаб на Ханси Флик, но клубот денеска потврди дека тој заминува.

Откако објави крај на кариерата по крајот на минатата сезона, Алкантара се врати во Барселона и почна да работи како дел од тренерскиот тим на Ханси Флик.

Но, денеска неочекувано Барселона објави дека Алкантара заминува од функцијата и на негово место доаѓа Арнау Бланко, тренер кој долго време работи во младинската академија на клубот.

Засега не се познати причините поради кои Алкантара ја напушти Барселона.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани