Јувентус викендов по четврти пат во низа не победи и одигра 1:1 во дербито на колот ово Серија А.
„Старата дама“ веќе подолг период не игра на нивото и се доведе во ситуација излез во Лигата на шампионите да се смета за некаков успех во сезоната. Најмногу критики добива тренерот Масимилијано Алегри поради неговиот дефанзивен стил на игра за кој фановите сметаат дека е застарен.
Но, и Алегри знае да критикува, па така по натпреварот ги истакна Влаховиќ, Кин и Киеза како фудбалери кои не се во добра форма.
„Секако дека можевме повеќе и има за што да жалиме. Сепак, фудбалот знае некогаш да не оди онака како што вие сте го замислиле претходно. Очигледно е дека Интер е подобар од нас, имаат многу повеќе бодови. Природно е на крајот да забавиме, имаше и низа инциденти како кога Милик беше исклучен, Влаховиќ, Кин и Киеза не беа во добра форма, повредени беа Рабио и Мекени…сето тоа се неповолни околности“, изјави Алегри,
„Старата дама“ во овој момент се наоѓа на третото место во Серија и навивачите се надеваат дека нема да го испуштат пласманот во Лигата на шампионите. За обезбедување место во елитата на Јувентус му се потребни три бода во последните три кола.
„Имаме добра разлика и шанса веќе против Салернитана да ја обезбедиме Лигата на шампионите. Да, постои жал што резултатите не беа како што очекувавме, но имаше разни ситуации кои ни правеа проблеми“, заклучи италијанскиот стратег.