262
Претседателот на ПСЖ, Насер Ал Келаифи е бесен поради ситуацијата со Килјан Мбапе иако на сите им беше јасно дека францускиот фудбалер ова лето ќе си замине бесплатно.
Мбапе наскоро ќе потпише за Реал Мадрид, а Ал Келаифи не може да се помири дека еден од најдобрите играчи во светот ќе го загуби за без пари.
Според „Ле Екип“, Мбапе нема добиено плата од април, а ниту бонуси кои требало да му легнат на сметка во февруари.
Вкупната сума која ПСЖ му ја должи на Мбапе е 80 милиони евра.
Причина за неисплатата е бесот на Ал Келаифи кој се чувствува изневерено и ги стопирал исплатите за Мбапе.
Останува да се види дали ќе се помири со целата ситуација и ќе се разолжи со Мбапе или тоа ќе се случи по судски пат.