165
Бразилскиот голман Едерсон ова лето се поврзува со трансфер на Блискиот исток. Најзагреан за неговиот потпис е Ал Итихад од Саудиска Арабија, а се споменува сума од над 50 милиони евра за неговиот договор.
Според најавите, Манчестер Сити замената за Едерсон ја гледа во Франција. Се работи за најдобриот италијански голман и репрезентативна „единица“, Џанлуиџи Донарума.
25-годишниот голман наводно е подготвен за нов предизвик во кариерата, а следен чекор би сакал да му биде Премиер лигата. Со сигурност нема да биде лесно да се убеди ПСЖ да го пушти својот голман. Донарума има договор до 2026 година, а Сити ако сака да го доведе порано со сигурност ќе мора сериозно да плати.