Францускиот репрезентативец Адриен Рабио по пет сезони реши да замине од Јувентус, откако му истече договорот со клубот од Торино.
29-годишникот е без клуб и ги разгледува опциите за својата иднина, а по заслужениот одмор по Европското првенство реши да се збогува од Јувентус.
Рабио објави видео на социјалните мрежи со дел од моментите минати ви клубот, напиша кратка порака посветена до соиграчите, управата и навивачите на клубот: „По пет сезони во јувентис, пет години во Торино, сакам да кажам ви благодарам и збогум. Сите вие што бевте тука за мене, соиграчи, тренери и сите во клубот. Исто така и навивачите кои секогаш се посветени. Ви благодарам за сè. Довидување и со среќа“.
Во својата професионална кариера Адриен Рабио беше дел од ПСЖ, Тулуз и Јувентус, а во минатите месеци се поврзуваше со повеќе клубови како Манчестер Јунајтед и Милан.