112
Репрезентативецот на Македонија, Аријан Адеми беше стрелец во убедливата победа на Динамо Загре против Локомотива од 5:1.
Во првото полувреме Мартин Батурина и Бруно Петковиќ погодуваа за водство од 2:0, додека Адеми во листата на стрелци се запиша на стартот на второто полувреме.
Во продолжение Лука Врбанчиќ погоди за 1:3, но гостите повеќе не можеа. Преостанатите два гола за Динамо беа дело на Раул Торенте.